euro office logo

ЕУРО ОФИС дооел Скопје е приватна компанија основана 2006 година. Во своето работно искуство препознатлива е по квалитетот на услугите, брзината на испораките кои ги врши, како и соодветен квалитет на производите и услугите кои ги нуди на пазарот во областа на трговија на големо и областа на ИТ услуги. Главни активности на компанијата се продажба на канцелариски материјали и прибор, канцелариска опрема и канцелариски мебел, средства за хигиена, промотивен рекламен материјал, персонални компјутери, принтери, тонери и кертриџи, мемориски стикови, батерии, медии, како и останати компјутерски компоненти и галантерија и друго.

Нашата мисија ја остваруваме како компанија која се грижи своите корисници да го добијат токму тоа што навистина им е потребно за нивното задоволство да биде високо и нашата соработка долгорочна!